Стручњаците на технолошкиот институт Харбин во Кина, изјавиле на „Саут Чајна морнинг пост“ дека ќе прозиведат подморница која би достигнувала брзина од 6.000 километри на час, што значи дека би била побрза од млазен авион.
Во основата на нивниот план е суперкавитацијата, техника која Русите ја користат за испливување на торпедото. Суперкавитацијата настанува кога меурчињата кои се создаваат со движење на цврстиот објект низ вода „ќе се здружет“ за да формираат меур кој е подолг од самиот објект. Поради тоа поголем дел од објектот е опкружен со гас, а не со течност. Отпорот на водата драматично се намалува така што објектот многу побргу се движи. Научниците од „Харбин“ тврдат дека развиле течна мембрана која драстично го намалува отпорот на воздухот и овозможува на подморницата да ја развие неопходната брзина.
– Нашиот метод е сосема поинаков од било кој пристап, како што е векторскиот погон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


