Чешките резерви на гас се на максимум и на земјата не и се заканува криза во случај на прекин на испораката преку Украина, соопшти Чешката асоцијација за гас. Според надлежните, Чешка во моментот има други можности за снабдување со плин, отколку во 2009 година кога неколку недели остана без рускиот плин кој се пренесува преку Украина, пренесе МИА од Прага. Чешка сега може да го одбере и т.н северен пат, односно плиноводот Нордстрим, кој води од Русија кон Германија и ја избегнува Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


