Мермерната статуа е пренесена во прилепскиот музеј. На преземањето присуствувал и инспекторатот од Управата за заштита на културното наследство. Женската мермерна статуа викендот ја пронајдоа жителите на селото Тополчани, кои ги барале темелите на некогашната црква во селото.
Звонимир Николовски, советник инспектор во Управата, вели дека ова е вредно археолошко откритие.
– Местото досега е непознато на археолошката карта. Според првичните сознанија статуата датира од 2 век од нашата ера од античко време. Слична е со мермерните статуи што се пронајдени во археолошкиот локалитет Стибера на 5-6 километри од Тополчани. Допрва треба да се открива – вели Николовски.
Сè уште не се знае дали и како ќе се истражува местото и дали може да има други археолошки предмети. Статуата без глава е во натприродна големина и е висока околу 1,80 метри. Жителите на селото Тополчани ќе добијат помош од општината за да ја обноват некогашната црква „Свети Спас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст