| четврток, 6 декември 2018 |

Заедничкото донесување одлуки ја зацврстува врската

Најновото истражување покажува дека двојките што внимателно заеднички ги донесуваат одлуките подолго време остануваат во брак и дека нивните врски се поквалитетни.

Сакате да знаете дали врската ќе ви потрае? Размислите за тоа какви сте во донесувањето одлуки. Ако секоја одлука – од најмала до најголема ја донесувате заеднчки, со разговор и договор, можете да бидете сигурно дека вашата врска ќе трае.

– Донесувањето одлуки е важна работа, затоа што се случува секојдневно. Двојките што заедно ги донесуваат одлуките имаат поголеми шанси за успешна и квалитетна врска. Тие, пак, што не го прават тоа и живеат по инерција, тешко дека ќе успеат долгорочно – истакнува Галена К. Родс, стручњак од Унвиерзиетот во Денвер, која се занимава со проучување на
љубовните врски.

Родс тврди дека многу двојки не ги донесуваат заеднички одлуките и не разговараат за нив. Таа наведува дека посебно е важно двојките пред заедничкиот живот да седнат и да разговараат, да го договорат заедничкиот живот, но тоа го прават навистина ретко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top