| четврток, 6 декември 2018 |

Место да пее, Милица служи гости

Симпатичната српска пејачка, која пред балканската јавност се претстави преку шоуто „Операција триумф“, ја остави несудената пејачка кариера и сега работи како хостеса во еден виенски клуб во Австрија.

Милица Мајсторовиќ, која по шоуто објави неколку песни и се појави во уште едно реално шоу, реши засега да се откаже од сонот да стане пејачка. Проблематичната Мајсторовиќ тешко го поднесе недостигот од слава по завршувањето на „Операција триумф“ и пред неколку години имаше и два неуспешни обиди за самоубиство.

Иако е свесна за својот потенцијал, Милица својата пејачка кариера во моментов ја „замрзна“ и размислува во кој правец е најдобро да тргне, но додека да донесе конечна одлука, мора да заработува – вели еден извор за српските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top