
Повеќекратниот шампион на Македонија во кошарка Работнички го формира тимот за новата натпреварувачка сезона. Во редовите на екипата од „Градски парк“ како засилувања дојдоа Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски, кои до ланската сезона успешно го носеа дресот на големиот ривал и шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Двајцата кошаркари синоќа беа присутни на тренингот во салата во Градски парк, каде имаше и стотина навивачи. Покрај овие двајца играчи тренерот Марин Докузовски, ќе работи и со репрезентативците Дарко Соколов и Марко Симоновски, додека во тимот од ланската сезона остануваат Јане Петровски, Димитар Мираковски и Марјан Ѓуров.
Амбициите на повеќекратниот шампион се да ја врати титулата, а раководството на клубот ќе се потруди во следниот период да донесе уште некое засилување (пред се од странство), по кое би следеле и контролните натпревари пред почетокот на сезоната
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


