| четврток, 6 декември 2018 |

Ја зела ќерка си од градинка во оваа состојба (ФОТО)

Мајката на петгодишната Авалин Харис од Паскагула, Мисисипи, била повикана од градинката каде што престојувала нејзината ќерка, за да ѝ кажат дека девојчето доживеало незгода играјќи си во дворот.

Лејси Харис ја нашла својата ќерка во страшна состојба. Девојчето било потечено во лицето, со многу модринки и со око затворено од оток.

BCHdM.AuSt.77

Иако официјалниот извештај од градинката е дека Авалин паднала самата, мајката тврди дека нејзината ќеркичка била претепана од соученичка.

1

Никој од вработените во градинката не бил во близина кога се случило тоа, па не можат да кажат што точно се случило, наједноставно било да кажат дека девојчето само се повредило, пренесува „Хафингтон пост“.

Тие ја игнорирале Авалин, која на мајка си ѝ раскажала дека друго девојче од градинката постојано ја удирало по лицето и дека не паднала од лизгалката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top