| четврток, 6 декември 2018 |

Заев и Груевски денеска во судница

Zaev pred sud 01 (Custom)

фото: Република

Заев пред пет месеци го обвини премиерот дека Груевски лично му ја продал Македонска банка на српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ – Нини. Наводно, според тврдењата на СДСМ, при продажбата, премиерот зел провизија. За ваквото обвинување премиерот поднесе тужба за Заев.

Сведокот Нини, кој беше предложен од лидерот на СДСМ Зоран Заев, вчера сведочеше во корист на премиерот Никола Груевски.

– Ниту сум се слушнал, ниту сум се видел, ниту ги познавам лично Заев и Груевски. Акциите се купени на берза преку брокер и не знаевме кој е продавач – изјави Газда Нини.

Тој се изјасни дека не го познава ниту Ден Дончев за кого се зборуваше дека е човекот преку кого оделе преговорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top