| четврток, 6 декември 2018 |

Мандарини, портокали и дињи по пијаната вечер

Претходната вечер испивте некоја чашка алкохол повеќе од она што реално можете? Се чувствувате мамурни, чувствувате мачнина и патите од главоболка? Лекот е во овошјето – што посветло тоа подобро. Според The Nutrition Guide за мамурлак најдобри се црвените и портокалови овошки, како мандарина, портокал, цитрон, боровница, диња, јагода… Причина за тоа се антиоксидансите кои ги содржат црвените и портокалови овошки. Дињата содржи и висок процент вода.

Еве неколку совети за враќање во нормална состојба:

-Пијте јогурт против непријатните киселини во желудник

-Кокосовата вода совршено ќе ги врати изгубените течности во организмот

-јајцата подготвени на било каков начин се одлични за црниот дроб и враќање на енергијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top