| четврток, 6 декември 2018 |

Сериозен руски противудар на ЕУ: Русија гради гасовод со кој гасот ќе го пренасочи во Кина

Претседателот на Русија Владимир Путин присуствуваше на церемонијата на почетокот на изградбата на гасоводот „Силата на Сибир“ со кој гасот ќе се транспортира на Далечниот исток и во Кина. Тоа е систем за транспорт на гас од Јакутски и Ирутски а должината на цевоводот изнесува 3.968 километри.

-Овој гасовод ќе овозможи не само да се зголеми извозот и да ја прошириме георгафијата за извоз на нашиот јагленовод, туку и да се направи уште еден сериозен чекор во гасификацијата на нашата земја што е особено важно за нејзиниот источен дел, рече Путин.

Според него следниот чекор ќе биде уште поинтересен.

-Откако ќе создадеме мрежа на гасоводи на Далечниот исток и Сибир ќе имаме можност да го споиме европскиот дел од гасоводниот систем со источниот и тоа од аспект на извозно можности, кое пак, од точката на гледиште на проширување на географијата на гасификација на нашата земја пружа голема предност за пренасочување на гасот во зависност од ситуацијата на светскиот пазар-или на запад, повеќе и поефикасно, или исток, истакна шефот на руската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top