| четврток, 6 декември 2018 |

Путин и порача на ЕУ: Ако сакам Киев ќе го заземам за две недели!

-Ако сакам, можам да го заземам Киев за две недели, му рекол рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор на претседателот на европската комисија Жозе Мануел Баросо.

Наводно за заканата на Путин се информирани и другите политички челници во Европа па и германската канцеларка Ангела Меркел, која и се закани на Русија со воведување на нови санкции.

Неодамна Путин изјави дека руските вооружени сили, со поддршката на нуклеарниот арсенал, се подготвени да се спротивстават на секој вид агресија. Путин напомена дека Русија е далеку од некој поголем конфликт, но дека е подготвена во секој момент да одбие каков било вид агресија.

-Нашите партери би требало да сфатат дека најдобро е да не се задеваат со нас, рекол Путин.

-Фала му на Бога милам дека никој и не помислува да влезе во судир од големи размери со Русија. Сакам да ве потсетам дека Русија е една од водечките нуклеарни сили, нагласил рускиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top