| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка на патот Охрид-Кичево, двајца повредени

soobrakjajkakicevo
Околу 6 часот утрово на патниот правец Охрид- Кичево, меѓу селата Требеништа и Мешеишта се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички возила- „Форд“ со скопски регистарски таблици и „Мазда“ со австриски таблици, пренесува Охрид Њус.

– Во сообраќајната незгода полесно се повредени две лица кои се згрижени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „ Св. Еразмо“ и се вон животна опасност, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

До сообраќајната незгода дошло кога патничкото возило „Мазда“, поради невнимание, преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во другото возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top