| четврток, 6 декември 2018 |

Деца затрупани во лавина во Русија

lavina rusijaШест деца се затрупани во лавина во Република Тува, Русија. Се работи за шест ученици од локалното училиште.
“Според првичните податоци лавината затрупала шест лица, најверојатно ученици во шесто одделение. Еден од нив успеал да се извлече и да им соопшти на родителите “, се вели во соопштението на Главната управа на Министерството за вонредни ситуации во републиката.

Децата се заробени под снег, со висина од 5 до 6 метри, а наносот е широк 200 и долг 600 метри. Во спасување на децата ангажирани се 48 лица, но се очекува екипата да се зголеми за околу 70 спасувачи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top