| четврток, 6 декември 2018 |

Над 150 мигранти пронајдени во товарен воз во Велес

Во товарен воз на МК Железници синоќа се пронајдени над 150 мигранти од Сирија.

Тие биле сокрание во вагоните  со кои се превозувал јаглен за Фени во Кавадарци.По нивното откривање најпрвин биле сместени во чекалната од железничката станица во Велес, а доцна синоќа префрлени во полициската станица каде се извршени разговори.

Нивната облека била црна од јагленот и вагоните каде се криеле. Имало и три жени, но и деца по 15-16 години. Меѓу нив имало и студенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top