| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: АРМ работи во служба на Македонија

Премиерот  Никола Груевски денес порача дека додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, АРМ ќе работи во служба на Македонија и македонскиот народ.

Тој ги коментираше немирите од изминативе два дена.

-Тоа што со војската во Македонија командува генералот на АРМ и претседателот на државата, а не министерот за одбрана, никој не стигна да го искоментира. Од оваа говорница сакам да  му порачам на Бранко: Армијата на Република Македонија му служи и ќе продолжи да му служи само на народот и на државата. Независно кој е министер или заменик министер, додека на власт е ВМРО-ДПМНЕ и додека јас сум премиер, таа Армија ќе биде во служба на одбраната и интересите на Македонија и македонскиот народ, порача Груевски.

Тој посочи дека сето ова има за цел да ја дефокусира јавноста од прашањето зошто со месеци Црвенковски ги лажеше луѓето и на него, како и на неговиот партнер Стојанче Ангелов ја насочи вината за инцидентите.

-Тие сакаат да ги дефокусираат луѓето. Со насилство се обидос да протестираат за назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана. Тие се сега среќни дека ја смениле темата во јавноста. Сакаа луѓето да не дискутираат за тоа што беше ова малтретирање и лажење два ипол месеци, туку дали заменик министерот за одбрана поставен во време на СДСМ, сега смеел да стане министер и дали ДУИ која лично Црвенковски ја внесе во политичкиот живот, и чии екс-команданти ги постави за министри . СО тоа тој воспостави таква пракса и стекнато право на ДУИ. Во 2004-та тој им излезе во пресрет со Кичево, Струга и Скопје, дали сега тоа ДУИ треба или не треба да предлага свој кандидат во Владата. За да се спаси срамот на Бранко, вчера требаше да се крши низ улиците, а вчера се скрши автобус, се повредија полицајци, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top