Доцна во саботата, околу два часот по полноќ, во автобус на ЈСП со број 57 кој сообраќал на релација Центар – Радишани, настанала тепачка меѓу една група и едно седумнаесет годишно момче, соопштуваат полициските служби.
Според информациите на МВР тепачката настанала откако неколкучлената група без повод и причини физички го нападнала малолетното момче.
Во тепачката нападнат бил седумнаесетгодишниот К.К. од Скопје.
Надлежните служби преземаат мерки за расветлување на случајот и откривање на напаѓачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.