| четврток, 6 декември 2018 |

Жељко Јоксимовиќ доаѓа на штипската „Пастрмајлијада 2014“

Првиот ден, 25 септември или четврток е резервиран за македонски изведувачи, иако тие ќе настапуваат и во текот на следните два дена. Главна ѕвезда е пејачката Елена Ристеска која ќе настапи во 23 часот, а исто така ќе настапат и Маја Вукичевиќ и Боби Мојсоски. Точно на пладне ќе биде претставена џиновската пастрмалија, а вечерта во 19 часот е свеченото отворање.

Во петок, 26 септември, на пладне е предвидена традиционалната трка на келнери, а ќе настапат Ванчо Тарабунов, Ферус и Биг бенд со специјален гостин кој е изненадување, потоа Соња Тарчуловска и ѕвездата на вечерта, пејачот Аца Лукас.

Во сабота на 27 септември, во 12.00 часот е предвиден натпреварот во брзо јадење на пастрмалии а во 13 часот изборот на најубаво украсен штанд. Музичката програма оваа вечер ќе ја започнат Аре Брадрс Бенд, потоа следи Александар Тарабунов и потоа финале за српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ, кој е ново изненадување на организаторот. Исто така ќе настапат и ѕвездите на Х Фактор, Маид Хеќимовиќ, Тамара Милановиќ, Лукијан Ивановиќ и Алекса Перовиќ.

Секој ден од манифестацијата, предвидена е музичка содржина во континуитет по 10.30 часот при што се предвидени настапи и на фолк музичари, културно-уметнички друштва, поп и рок групи, солисти и други изведувачи. По 1 часот по полноќ пак, секоја вечер е предвидено забавата да продолжи со техно-денс музика за што се ангажирани неколку домашни диџеи и две имиња од странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top