Поранешниот македински репрезентативец Горан Пандев кариерата ќе ја продолжи во турција, откако денес Галатсарај и Наполи постигнаа договор за трансфер.
Рафа Бенитез ова лето стави јасно до знаење дека не смета на Македонецот, па Наполи му даде зелено светло на Горан Пандев да си пронајде нов клуб.
Иако се шпекулираше со многу клубови во Италија и Европа, сепак Пандев се сели на Босфорот каде во следните дев години ќе игра за Галатсарај.
„Продолжувам во Галатасарај. Чест ми е што ќе играм во овој голем клуб и ќе имам можност да играм во Лигата на шампионите“, изјави Пандев за Македонски спорт само неколку минути по потпишувањето на договорот.
Заедно со 31-годишниот струмичанец во вицешампионот на Турција во пакет замина и соиграчот од Наполи, Блерим Џемаили, иако двајцата се поврзуваа со заеднички трансфер во Милан. Во Галатасарај пристигнуваат по барање на тренерот Прандели, кој одлично ги познава квалитетите на Горан Пандев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.