| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот премиер денеска полни 44 години

gruevski

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска прославува 44 години живот. Груевски е роден на 31 август 1970 година во Скопје. Премиер на Македонија е од 27 август 2006 година. Деновиве тој одбележа и осум години премиерски мандат.

Потекнува од леринското село Крушоради, во Егејска Македонија, денешна Грција. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, при Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола (1994), по што работи во банкарскиот сектор. Се здобил и со квалификации за меѓународниот пазар на капитал на Лондонскиот институт за хартии од вредност (1996). Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (12. XII 2006). Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на РМ (1998) и ја направил првата трансакција на македонска берза. Оженет е со Боркица, со која има две ќерки Анастасија и Софија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top