
Парче торта од венчавката на принцот Чарлс и принцезата Дајана, во далечната 1981 година, е продадено на аукција за 1.375 долари, пренесуваат американските медиуми.Колачот што се наоѓа во оригиналната бело-сребрена кутија е продаден преку интернет во Лос Анџелес, а на него се наоѓа и оригиналната порака на која пишува: „со најдобри желби, принцезата и принцот од Велс“.
Портпаролот на аукциската куќа „Сем Хелер“ вели дека купувачот е приватен колекционер и дека парчето торта го добил замотано во оригиналната хартија од восок, меѓутоа, додава дека не е добра идеја некој да се обиде да го изеде.
Тој потсетува дека постои мала, но посветена група колекционари на кралски торти и дека некои поседуваат колачи што датираат од времето на британската кралица Викторија, која се омажила во 1840 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Брајан Адамс за врската со принцезата Дајана: Не се криев во палатата, едноставно одев кај неа (видео)
-
Обетките и нараквицата кои ги носеше Меган Маркл се достапни во продажба во „Картие“
-
Направете Новогодишна торта без брашно-сите ќе останат без здив!
-
Очајно писмо од кралицата Елизабета II го потресе светот: Писмото говори за смртта на Дијана


