
Последниот ден од август донесува локална дестабилизација доцна попладне и навечер. Поголема можност за развој на облачност која локално ќе донесе повремен дожд и грмежи ќе има во западната половина од земјата, како и во близина на планинските региони во источното подрачје. Во скопската попладне и приквечер ќе има услови за краткотраен дожд.
Минималната температура ќе се спушти до 16°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 31°С.
Посилни електрични празнења се најавуват во Пелагонија, за каде Метеоалармот издаде предупредување во жолта фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


