| четврток, 6 декември 2018 |

Џинпинг: Светот се соочува со воена револуција

pretsedatel kinaКинескиот претседател Си Џинпинг апелираше на поинтензивен развој на воената технологија во земјата во момент кога светот се соочува со „воена револуција“.

– Светската воена револуција се случува во момент кога Кина се соочува со предизвици и нови можности, изјави Џинпинг на состанокот на Политбирото на кинеската Комунистичка партија.

Тој ги повика сите членови на партијата повеќе внимание да посветат на воените прашања и одбраната и да пружат посилна поддршка на воените реформи во земјата.

Кинескиот претседател се заложи за укинување на одделните, локални воени одделенија во корист на единствена војска во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top