Крајбрежната стража на Тунис пронашла тела на најмалку 41 мигрант, повеќето од Сирија, кои се удавиле во обид да допловат до Европа, соопштија властите.
– Документите пронајдени со телата на удавените покажуваат дека повеќето потекнуваат од Сирија, а меѓу жртвите има жени и деца, соопшти Абдел Кебир, градоначалникот на Бен Гердан, град на границата со Либија.
Кебир додаде дека бродот најверојатно испловил од Либија, а дека потоа морските струи телата ги исфрлиле на брегот на Тунис, пренесуваат американските медиуми.
Тој додаде дека локалните рибари пријавиле дека во текот на последните денови виделе многу повеќе тела во морето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти


