Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години Европскиот шампионат на кој сме домаќини го заврши како деветто пласирана откако со 93:81 славеа над Грузија.
Селекцијата чија победа во групната фаза не чинеше елиминација и разигрување за пласман од 9 до 16 место овојпат беше немоќна пред нашите кадети.
Виктор Ефремовски го предводеше тимот со 22 поени, во чекор го следеше Петар Огњеновиќ со дабл дабл учинок од 21 поен и 12 скокови.
Одново одличен настап и на Димитријевиќ кој средбата ја заврши со 16 поени и 15 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.