Од вкупно 37 лица, 12 се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, а меѓу нив има и 29 годишна трудница, кои во епидемиолошката анкета за клиниката се изјасниле дека јаделе од иста сендвичарница во Драчево. Првиот пациент бил примен ноќта меѓу вторник и среда. Родителите чии деца биле затруени од храната велат дека лекарите им соопштиле дека има голем број на деца што се затруле најверојатно поради неквалитетната храна во сендвичарата во населбата Драчево. Дел од пациентите кои побарале лекарска помош имале бурна реакција проследена со дехидрирање, дијареа и повраќање Првичните претпоставки се дека сите имаат бактериска цревна инфекција, но од клиниката засега не сакаат да коментираат за каков тип бактерија станува збор, лоцирањето на причинителот ќе почека до понеделник кога ќе бидат соопштени и финалните резултати.Спорединформациите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, сендвичарницата по пријавувањето е веднаш затворена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


