| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички до пресврт победа над Шкендија

rabotnicki-pobednik-na-kupot-24Фудбалерите на шампионот Работнички ја постигнаа втората победа во Првата македонска лига откако попладнево ја совладаа Шкендија со 3:2. Гостите од Тетово во два наврати водеа, но на крајот останаа без бод.

Шкендија поведе со голот од пенал на Бојан Вручина во 26.минута. На 1:1 во 33.минута изедначи Дарко Велковски. На почетокот на вториот дел (51.минута) Вручина донесе ново водство за Шкендија, но повторно Велковски изедначи во 61.минута. Победата на „романтичарите“ им ја донесе Марјан Алтипармаковски во 68.минута.

Утре во терминот од 17 часот се играат натпреварите: Металург – Вардар (стадион Ѓорче Петров), Силекс – Пелистер и Ренова – Брегалница.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелот Тетекс – Хоризонт Турново.

Табела: Вардар 11 бодови, Металург 11, Силекс 11, Пелистер 9, Шкендија 8, Работнички 7, Ренова 5, Хоризонт Турново 4, Брегалница 3,Тетекс 2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top