| четврток, 6 декември 2018 |

Наместо да играат на свадба, чекаа увид – судир пред Матично

maticno3Попладнево околу 17 часот на булеварот Илинденска пред Матичната служба, се судрија две возила, пренесува Лидер.
Полициско возило пристигна на местото, но возачите на двете судрени возила, од кои едното забележително накитено како за на свадба чекаа сообраќајна полиција да изврши увид кој е виновен за сударот.

Немаше повредени во сообраќајната незгода, но и двете возила имаа видлива материјална штета. Матичната служба денеска работеше турбо, и на секои половина час пристигнуваа нови младенци и нивните сватови па настана неверојатна гужва пред објектот наменет за судбоносното “да“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top