| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд: Санкциите ќе се засилат доколку Москва продолжи да интервенира во Украина

eu-x-russiaЛидерите на ЕУ ќе бидат присилени да га засилат санкциите кон Русија доколку Москва продолжи воено да интервенира во источна Украина, соопшти денеска францускиот претседател Франсоа Оланд.

-Тоа што се случува во Украина е толку сериозно што Советот на Европе ќе биде присилен да реагира со засилување на санкциите доколку работите останат вакви, истакна Оланд по доаѓањето на самитот на ЕУ, пренесоа британските медиуми.

Францускиот претседател објасни дека предуслов за засилување на санкциите е докажаното присуство на оружјето што доаѓа од Русија и војниците кои преминале од руска територија во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top