| четврток, 6 декември 2018 |

„Вечерње Новости“: На Стефан ќе му судат 12 Епископи

Најтешката казна која може да биде изречена е расчинување или исклучување од црковната заедница. Доколку поглаварот на неканонската МПЦ биде расчинет или исклучен од Црквата, ќе биде трајно лишен од правото да преговара со Српската Патријаршија околу статусот на Црквата во Македонија, пишува во четврточното издание на српскиот весник „Вечерње новости“. 

novosti

Во текстот со наслов „На Стефан ќе му судат дванаесет Епископи“, се вели дека првиот следен потег, којшто СПЦ ќе го повлече ќе биде подигнување на обвинение, како и формирање суд од најмалку 12 Епископи кои ќе ја одредат неговата вина. Според праксата на црковните судови, којашто се разликува од цивилните, доколку Стефан не се појави на судењето, ќе се смета дека ја признал вината и ќе биде осуден во отсуство.

– Долго се надевавме дека Стефан ќе се откаже од своето дејствување и ќе се врати во канонскиот поредок, но до денес тоа се нема случено. Напротив, прогонот врз архиепископот Јован (Вранишкоски), тој го прошири и на свештеници и на верници на Охридската Архиепископија. Се надеваме дека покренувањето на судската постапка на вистински начин ќе влијае на него, но и на останатите македонски епископи, коишто се на страната на расколот –  вели владиката Марко

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top