| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен уште еден Албанец кој тргнал во џихад

Албанската полиција уапси жител на Косово кој се обидел од аеродромот во Тирана преку Турција да отпатува во Сирија, каде би се приклучил на џихадистите, пренесуваа косовските медиуми.

Како што наведуваат, станува збор за 24-годишниот Ментор Зејнулаху, кој бил уапсен вчера на аеродромот во Тирана.

При апсењето кај него е пронајдена камера и телефон со снимки од војувањето на џихадистите во Сирија, како и пораки и докази за комуникација со радикални групи, како Ал Нусра во Сирија.

Телевизијата „Кохавизион“ наведе дека Зејнулаху бил задолжен за регрутирање на млади Албанци од Косово за војување во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top