| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски пејачи под етикетата на „Гранд“

Косопствениците на најголемата продукција за турбо-фолк песни и изведувачи Саша Поповиќ од „Гранд продукција“ и пејачката Лепа Брена, ќе отворат нов телевизиски канал во Србија, овојпат посветен на забавната музика. „Гранд поп“, накој 24 часа дневно би се промовирала забавната музика, би требало да биде пуштен во етер на 1 јануари следната година.

Со овој потег, Брена и Поповиќ планираат да го прошират својот бизнис и во својата продукција да ги доведат популарните изведувачи на забавна музика од цела екс Ју, кои би објавувале свои албуми под етикетата на „Гранд“, пренесува српски „Блиц“.

– Со подеднаква одговорност и професионалност кои со години ги покажуваме како лидери во фолк музиката ќе му пристапиме и на поп-каналот. Каналот почнува со работа на почетокот на наредната година, подготвуваме нови емисии и ангажираме нови водители – велат од „Гранд“.

Едно од главните шоуа на „Гранд“, „Звездите на гранд“, по десетгодишно емитување во Србија, свои ѕвезди и натпреварувачи годинава ќе бара и од Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top