Министрите за надворешни работи од Европската унија најавија, воочи денешниот состанок во Брисел, дека го отвориле патот за нови санкции кон Русија, поради „инвезијата на соедот Украина“.
Претседателот на Комитетот за надворешни работи на европарламентот Елмар Брок истакна дека сите министри виделе ото сите преговори, состаноци и контакт групи немаат успех, бидејќи Путин ги користи како алиби за да добие на време.
– Единствена работа која може да се направи во кус рок е Европскиот совет да одлучи да ги зајакне санкциите, на пример за целиот финансиски сектор. Мислам дека лидерите на ЕУ ќе одлучат Комисијата да направи јасни предлози во тој правец, истакна Брок.
– Мораме да бидеме свесни за она со што се соочуваме – сега сме насред втора руска инвезија на Украина во рок од една година, оцени шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, алудирајќи на мартовската анексија на Крим.
Билт потенцираше дека на Русија мора да и се упати јасна порака дека нејзините упади на територијата на соседната земја се неприфатливи.
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајмајер изјави дека ситуацијата во Источна Украина полека „излегува од контрола“. Зборувајќи во Милано, шефот на германската дипломатија предупреди дека сега е потребно да се „зауздаат работите“ за да се спречи директната украинско-руска конфронтација.
Овие изјави доаѓаат во време кога земјите од ЕУ започна консултации за воведување на нови санкции за Русија откако властите во Киев и НАТО ја обвинија Москва дека руските војници навлегле во делови од Источна Украина за да им помогнат на проруските бунтовници.
Официјална Москва ги отфрла таквите обвинувања и ја обвинува украинската влада за продолжување на кризата на истокот од земјата затоа што наместо отворање дијалог со бунтовниците, Киев настојува да обезеди воена победа, жртвувајќи ги животите на голем број цивили од Доњецк и Луганск.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера остро ја нападна Украина, споредувајќи ги акциите на нејзината војска во источните делови на земјата, со постапките и однесувањето на нацистичка Германија против Советскиот Сојуз во текот на Втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.