| четврток, 6 декември 2018 |

Мохамед е најпопуларно име во Осло

Трендот на најпопуларно машко име во главниот норвешки град Осло – се промени. Името Мохамед е најпопуларно
име во градот првпат во неговата историја.

Истражуањето које го спроведе Статистик сентралбири – ССБ, јавна установа која спроведува статистички истражувања во Норвешка,
ги преброи жителите на Осло и откри кои имиња преовладуваат во норвешкиот главен град.

Вкупно 4.801 машки жители на Осло го носат името Мохамед или неговите варијации. На второ место се имињата Јан (4.667) и Пер (4.155). „Ова се возбудливи податоци“, заклучи Јорген Оурен за НРК, а јави „The Local“.

Мохамед веќе е четврта година по ред на прво место на листата на имиња на новородени бебиња во Осло, но ова е првпат да избие на прво место на имиња на сите машки жители во тој град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top