Откако одлучи да се стави крај на правосмукалките појаки од 1600 вати, ЕУ отвори нов фронт против феновите за коса, косилките и бокалите за вода кои трошат премногу елетрична енергија, пишува хрватски „Јутарњи лист“.
Студијата која е спроведена по наредба на Европската комисија покажува дека јачината на феновите за коса може да се намали за 30 отсто.
Критичарите на оваа студија велат дека ако се намали јачината, сушењето на косата ќе трае подолго и на овој начин би се потрошило повеќе струја. Освен наведените три електрични апарати, во Унијата моментално под законска регулатива се телевизорите, машините за перење, фрижидерите…
Пол Нутал, британскиот евроскептик од Укип, смета дека овие промени би им го отежнале животот на луѓето.
Од Европската комисија објаснија дека сè уште не е одлучено дали ќе се регулираат феновите за коса. Во согласност со политиката за штедење
електрична енергија, ЕУ одлучи до 2030 да ја намали потрошувачката на електрична енергија за 30 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лекарите го исклучија од апарати спротивно на желбата на родителите, но детето е уште живо
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
ЕУ воведува задолжителни квоти за жени во менаџерските тимови на компаниите
-
Пуџдемон: Европската Унија е карикатура


