Македонија и Турција ќе ја зајакнуваат регионалната соработка во областа на цивилното воздухопловство и ефикасноста при примената на
барањата од областа на безбедноста.
Со Меморандумот за разбирање, што го потпишаа денеска директорите на македонската и на турската агенција за воздухопловство Дејан Мојсоски и Билал Екси, двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработката при користењето на ресурсите во однос на стручен
персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното воздухопловство и документацијата.
Меморандумот ги покрива и областите во делот на безбедноста и сигурноста на воздушниот сообраќај, програмите за обука, испити и лиценцирање, операции поврзани со летање и аеродроми, пловидбеност и регистар, потрага и спасување, како и сегментите поврзани со
националните надзорни власти и службите за воздушна навигација.
– Потпишувањето на Меморандумот за разбирање со турските воздухополовни власти е резултат и на зголемениот обем на сообраќај кој го реализираат редовните и чартер авиопревозници кон Република Македонија, како и на остварените инвестиции во
комплексот на цивилниот воздушен сообраќај, соопшти Агенцијата за воздухопловство на РМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


