Велешката полиција при редовните контроли во угостителските објекти овој месец во два наврата констатирала кривично дело „точење алкохол на малолетни и пијани лица“, како и еден прекршок „овозможување присуство на малолетни лица по 24 часот“.
Како што информира портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска, по целосно документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци до надлежните институции.
Во рамки на полициските контроли, се мери и нивото на бучавата во објектите и се води сметка за пушењето.
Контролите продолжуваат со цел, како што нагласи Стојковска, одржување стабилната безбедносна состојба, јавен ред и мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот
-
Владата предлага укинување на временското ограничување за продажба на алкохол
-
Павлина Васкова, невропсихијатар: Зависнички од алкохол се најчесто жените интелектуалки, на високи позиции во претпријатијата
-
Откриен нелегален алкохол во фирма во Кавадарци, приведен управителот


