| четврток, 6 декември 2018 |

Секое четврто лице е „болно“ по годишниот одмор

Според  истражувањето на „Травелекс“ во Велика Британија, дури една четвртина од луѓето после годишниот одмор не се појавуваат на работа туку се јавуваат дека се болни, пренесува „Танјуг“.

Во студијата учествувале околу 2000 испитаници, при што се заклучило дека и оние што се враќаат на работа од годишниот одмор, често не се сконцентрирани на работата.

Наместо да бидат фокусирани на работата, испитаните лица повеќе фантазирале за идното патување, а половина од нив биле деконцентрирани и не успевале да завршат еднакво количество работа како пред одморот.

Инаку, истражувањето покажува дека пред заминувањето на одмор мажите најчесто се пакуваат еден ден порано, а околу 40% од жените тоа го прават една недела порано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top