| четврток, 6 декември 2018 |

Ноември со повеќе туристи

Статистиката покажува дека во ноември Македонија ја посетиле скоро 6 проценти повеќе туристи. Годишно, лани имало една петина повеќе домашните туристи.

Минатиот ноември во Македонија се регистрирани 34.756 туристи, со 80.580 ноќевања. Споредено со истиот месец 2011, бројот на туристите е зголемен за 5,9 проценти, а на ноќевањата за 11,4 проценти, објави македонската Статистика.

Според Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е зголемен за 21,4 проценти, а намален е бројот на странските туристи за 2,7 проценти. Ноќевањата на домашните туристи бележат раст за 17,5 проценти, а на странските за 6,3 проценти.

Во периодот јануари-ноември 2012 година, во однос на истиот период претходната година, имало зголемен број на туристите за 2,9 проценти. Притоа, кај странските зголемување за 7,8 проценти, а кај домашните туристи има намалување за 2,2 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top