Терористичката група Исламска држава објави денеска видео во кое е покажано како вооружен џихадист обезглавува курдски војник во Северен Ирак.
На видео-клипот се гледа маскиран вооружен маж со наводно, курдски заробени борци облечени во портокалова облека. Во следниот инсерт жртвата е на колена пред да биде обеглавена пред џамија во северниот ирачки град Мосул.
ИДИЛ објави и слики од заробени сириски војници и курдски борци, за кои велат дека ги чека иста судбина.
Тие упатуваат закани до курдски лидери дека ќе извршат нови убиства ако не запрат со поддршка на САД во офанзивата. Автентичноста на видеото според западни медиуми, не може да биде потврдена. Минатата недела Исламска држава на ист начин покажа обезглавување на американски новинар кој исчезна во Сирија во 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)


