Македонскиот премиер позитивно го оценил самитот во Берлин посветен на западниот балкан, пренесува известувачот на Канал 5 од главниот град на Германија.
Во изјавата по конференцијата што се одржа вчера во берлин Груевски говореше за намерата на Германија, но и на Европската Комисија генерално да посветат поголема енергија и време на решавање на пробемите во регионот каде секоја земја има по најмалку еден крупен проблем.
Тој пред известувачите во Берлин објаснил дека во текот на заедничката средба со Меркле и подоцна на заедничката вечера на балканските премиери со германската канцеларка во неколку наврати ги презентирал македонските позиции за политичките и економските процеси.
Во делот за политиката во Македонија единствена тема на дневен ред за која што се разговарало на премиерскиот состанок било прашањето за името при што била изразена надеж дека и Грција ќе биде поактивна во иднина.
„Мислам дека и овде во Берлин и во Брисел, веќе имаат јасно формирано слика дека стоењето во место во однос на решавање на ова прашање во моментот најмногу доаѓа од причина што нашиот јужен сосед не е подготвен да разговара за изнаоѓање решение заради други проблеми што тие ги наведуваат, но сепак прашањето стои“, изјави премиерот Груевски по конференцијата.
Покрај прашањето за името во заклучоците од конференцијата се спомнува уште едно прашање кое што се однесува на неколку држави меѓу кои и Македонија.
И покрај комплицираната порака содржана во членот 11 која што може да се толкува различно во зависност од полиитчките интереси гереманија, автрија франција и европската комисија се недвосмислени дека опозицијата мора да биде дел од парламентот.
Оваа долгогодишна позиција на европските партнери кои често пати во последниве петнаесетина години се соочувале со опозициски бојкоти беше повторена и во Берлин.
И покрај сите недоразбирања и политички конфликти пораката која што важи за албанската македонската и црногорската опозиција е дека не постои друг начин на кој што може да се оди напред освен со учество во работата на националните парламенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


