| четврток, 6 декември 2018 |

Балотели треба да го заслужи местото во репрезентацијата

kostarika baloteliСелекторот на италијанскиот национален фудбалски состав, Антонио Конте, изјави дека Марио Балотели треба да го заслужи местото во репрезентацијата.

Медиумите тврдат дека Конте истакнал оти преселбата на фудбалерот во Англија може да биде одлична, ако Балотели обезбеди место во националниот тим на „Аѕурите“.

Италијанецот е меѓу најталентираните и најтемпераментни фудбалери на светот, а од составот Милан се пресели бо редовите на тимот од „Ефилд роуд“.

„Кај фудбалерот се најважни човечките квалитети. Талентот е друго. Пред се потребно е да се биде посветен, да се придонесува за тимот“, вели Конте.

Балотели беше на мета на фудбалската јавност на Апенините, поради ефектот на репрезентацијата на Италија во Бразил на Светското фудбалско првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top