| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се конзервира еден од највредните живописи во црквата „Св. Климент“ во Охрид

kliment

Ќе се конзервира фрескоживописот,архитектурата ,конакот и камбанаријата на една од најстарите цркви во Охрид, „Света Богородица Перивлепта“, позната како „Свети Климент“. Живописот во Перивлепта е еден од највредните во Македонија и пошироко.

Со откривањето на живописот на црквата битно се променети сознанијата за уметноста од крајот на XIII и почетокот на XIV век не само во Македонија, туку во сите православни земји во Југоисточна Европа. Станува збор за една целина на ѕидното сликарство која ја претставува последната фаза од византиската култура .

Странски експерти назначени од УНЕСКО скоро три години вршеа истражувачки работи во Перивлепта така што од месец април ќе се отпочне со реализација на овој проект .

Фрескоживописот во Црквата Света Богородица Перивлепта која  била подигната во 1295 година не е третиран од 80 тите години кога за последен пат се вршела конзервација на архитектурата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top