| четврток, 6 декември 2018 |

И животните лажат: Панда глумела бременост

panda
Пандата Ал Хин, жител на Ченгду истражувачкиот центар во Кина, ги воодушеви своите чувари кога почнала да покажува симптоми на бременост.

Се движела помалку, а на почетокот дури и го изгубила апетитот. Со оглед на тоа дека само петтина од женските панди воопшто забременуваат, а на тој вид му се заканува изумирање, чуварите биле толку воодушевени што веќе подговиле и опрема за видео снимање на породувањето.

Меѓутоа, тестовите кои следиле покажаа дека пандата Аи Хин никогаш не била бремена, а експертите веруваат дека симптомите на бременост ги одглумила.

Ако и лажела, имала силна причина за тоа: бремените панди во тој центар добиваат соба само за себе, а им се дава и повеќе бамбус и овошје. Ву Кјонг, експерт за панди, рече дека тоа не е прв пат пандите да лажираат бременост.

– Некои паметни панди се користеле со тоа за да си го подобрат квалитетот на нивниот живот, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top