Нешто помалку од третина од граѓаните на Хрватска, 28 отсто, сметаат дека влезот во Европската унија бил лош потег. Околу 13 проценти од граѓаните сметаат дека живеат полошо откако Хрватска влегла во Унијата, а дополнителни 15 отсто оценуваат дека со влезот на земјата во ЕУ не се добиени никакви поволности, покажа анкетата на Центарот за истражување на пазарот ГФК.
Вкупно 32 проценти од Хрватите веруваат дека земјата не успеала да ги искористи сите поволности кои и се пружиле со влезот во ЕУ, додека 38 проценти имаат позитивен став за членството во Унијата.
Најголем број граѓани позитивно поместување со влезот на Хрватска во ЕУ забележале во туризмот. Околу 33 отсто од Хрватите оценуваат дека туризмот напредувал поради членството.
Околу 30 отсто од Хрватите забележуваат позтивно придвижување во заштитата на животната средина, а 25 проценти гледаат напредување во банкарскиот систем. Само пет проценти гледаат позитивни тенденции во хрватската економија и во вработувањето од влезот на земјата во Унијата.
Истражувањето е спроведено на примерок од 1000 испитаници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.