| четврток, 6 декември 2018 |

Русија го откри европскиот шверц на овошје

ovosje tezgiСамо неколку дена откако Русија го забрани увозот на неколку видови намирници од земјите кои ги поддржуваат санкциите, во Русија се открило дека се шверцува овошје преку Беларусија, а на кое е истакнато дека е од Зимбабве и други земји.

Како што пренесуваат медиумите, се верува дека ваков шверц постои и во Полска, Словенија и Грција, а од Русија велат дека моментално „активно ја надгледуваат ситуацијата“.

Доколку продолжи ситуацијата, велат дека ќе се забрани увозот во Белорусија, а во иднина ќе се имплементира и систем на електронско сертифицирање на робата во транзит.

zelencukОд руската Агенција за храна и ветеринарство неколку дена испорачуваа јаболка, праски, сливи и домати во Русија преку Белорусија, без конкретно да се наведе земјата на потекло, односно не е наведено дали се од земјите со кои Русија дозволува увоз и извоз – Турција, Србија, Македонија и голем број африкански земји, како Зимбабве.

Нема понудено фитосанитарни документи, што предизвика сомнеж кај руските инспектори.

-Дел од земјите во ЕУ започнаа да испраќаат производи во Белорусија без да се наведе точната земја на потекло. Откривме дека тоа е или Полска или Грција, бидејќи нема докази дека е со македонско потекло, велат инспекторите, пренесува ИТАР-ТАСС.

-Активно ја надгледуваме ситуацијата и брзо ќе го потврдиме потеклото на сомнителните производи, додаваат.

Роселхолнадзор има намера да направи систем на електронско сертифицирање на робата во транзит, а Агенцијата во меѓувреме имаше контакт со земјите со кои има дозвола за транзит.

Освен тоа, ќе се испитуваат млечните и месните производи, како и производите од риба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top