| четврток, 6 декември 2018 |

Брзите возачи се ѕверови во кревет!

Постојат некои знаци кои го откриваат, но на вас е да обрнете внимание и да ги забележите

Ги гризе ноктите

Мажот кој ги гризе ноктите оди од крајност во крајност и поместува граници. Можеби тоа вам не ви изгледа привлечно, но тоа значи дека тој е одличен љубовник.

Има куче

Мажите кои имаат домашни миленици, односно кучиња, честопати потребите на другите ги ставаат пред себе, па тоа значи дека во сексот таквите партнери се несебични.

Не е Бредли Купер

Ако мажот не е згоден и не изгледа баш привлечно, верувајте дека во кревет ќе се труди многу за да ве задоволи. На тој начин ќе сака да ви покаже дека не е се во добриот изглед.

Убаво пишува

Според ескпертите за ракопис, мажите кои пишуваат убаво имаат високо либидо и голема имагинација.

Мирисаат магично

Миризбата е показател за привлечност и мажите кои мирисаат убаво, се вистински ѕверови во кревет.

Стои исправено

Млитавото и подгрбавено држење на телото значи несигурност и мрзеливост. Колку поисправен стои мажот, толку е посамоуверен и повеќе се труди.

Се шегува на сопствена сметка

Секој маж кој знае да се пошегува на сопствена сметка не е егоцентричен и самобендисан, што се добри карактеристики кога е во прашање сексот.

Како вози автомобил

Мажите кои лесно се вознемируваат додека возат се нетрпеливи љубовници и се опседнати со крајниот резултат – сопствениот оргазам. Тие честопати се незаинтересирани кога е во прашање оргазмот на партнерката. Брзите шофери се стравствени и се опседнати со секс.

Им робува на дневните рутини

Доколку се вознемирува за секоја мала промена на некоја негова дневна рутина, тоа може да биде лош знак. Тој се однесува како робот и големи се шансите и во сексот да биде таков. Додека води љубов тој не менува ништо, а доколку вие сакате да смените некоја поза или да додадете нешто ново, тој веднаш може да помисли дека нешто не е во ред.

Зборува и со своите раце

Ако прави драматични потези со рацете додека зборува, веројатно, станува збор за креативен маж кој е вешт во сексот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top