Без разлика што веќе сте имале сексуално искуство, кога е вистинско време за секс со новото момче?
На едно истражување во кое учествувале 10. 180 учесници од кои речиси 23,3% имале односи по првиот состанок, а 29,3% по една недела. 30,2% од учесниците стапуваат во сексуални односи по еден месец, а 18,4% сметаат дека во сексуалните води не треба да се влегува се додека партнерите не стапат во брак.
Меѓутоа, нема правила кога треба да стапите во сексуални односи со новиот дечко. Но размислете за тоа што вие би помислиле за дечкото кој спие со девојка на првиот состанок. Веројатно би помислиле дека тој сака забава, а не врска. Меѓутоа, тоа не мора да значи. Постојат податоци дека и доколку спиете со некој по првиот состанок, може да се развие долга и цврста врска.
Немојте да бидете под влијание на околината кога се одлучувате за првиот секс со нов дечко. Сами одлучете и слушајте ги своите потреби и желби. Важно е подоцна да не се каете поради донесената одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.