Стојан Ѓуроски смета дека кошаркарската репрезентација на Македонија има поголеми шанси на Европското првенство догодина, од оние на претходното кога не се поминаа групата.– Шансите се поголеми отколку на Евробаскетот лани во Словенија, бидејќи се смени натпреварувачкиот систем, па сега и со две победи можеме да одиме во нокаут-фазата, а таму се е можно. Тогаш ќе бидеме поискусни и поподготвени од сега и ќе ги дотолчуваме противниците, наместо да им дозволиме да се вратат во игра по 20 коша разлика за нас, како што се случи против Белорусија – изјави крилниот центар Ѓуроски за Македонска телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


