| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Вооружена група во Сирија киднапира 43 мировници

он

Една вооружена група во Сирија во текот на денешните борби киднапира 43 припадници на мировните сили на ОН, додека уште 81 се опколени, соопшти светската организација.
Канцеларијата на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун соопшти дека мировниците се киднапирани утрово на сириската страна од Голанската Висорамнина за време на „жестоката пресметка меѓу вооружените групи и сириските сили“.
Во соопштението, исто така, се наведува дека уште 81 припадник на мировните сили „моментно се оневозможени да ја напуштат својата положба“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top