Корисниците на Фејсбук често објавуваат многу приватни информации, кои инаку со никого не би ги споделиле. Многумина од нив веројатно и не се прашуваат кој се ги гледа тие податоци.
About Technology објави листа на пет работи што никогаш не треба да ги објавите на Фејсбук. Послушајте ги советите и заштитете се!
1. Својот или роденденот на своето семејство
Убаво е кога пријателите на Фејсбук ви го честитаат роденденот, нели? Проблемот е што со објавувањето на својот роденден на злонамерниците им давате важни информации, кои можат да им помогнат во кражба на вашиот идентитет. Ако веќе сакате да го објавите роденденот, барем изоставете ја годината на раѓање.
2. Статус на врската
Не е важно дали сте во врска или не, информацијата за тоа не им ја објавувајте на сите. Лудаците едвај чекаат да дознаат дали лицето што им се допаѓа останало без партнер. Кога ќе го смените својот статус од „во врска“ во „сингл“, тоа им е како зелено светло за напад. А и знаат дека веројатно сте сами дома.
3. Својата моментална локација
Објавивте фотографија од летниот одмор во Франција и ја тагнавте локацијата? Честитки, штотуку на потенцијалните провалници им откривте дека станот ви е сосема празен. Секогаш можете да ги објавите фотографиите од одморот кога ќе се вратите дома.
4. Дека сте сами дома
Особено е важно родителите да не им дозволат на децата во статусите да објавуваат дека се сами дома. Претпоставуваме дека на непознатите не би ми кажале дека ќе бидете сами вечерва? Не го објавувајте тоа на Фејсбук. Можеби мислите дека вашите статуси ги читаат само вашите пријатели, но никогаш не знаете кој се има пристап.
5. Фотографии од децата со имињата
Многумина се колнат во безбедноста на децата, но без размислување ги објавуваат нивните фотографии на Фејсбук и ги тагнуваат нивните имиња. Некои дури и за слика на профилот ставаат слика од своето дете. Токму на овие информации им се радуваат педофилите и останатите насилници. Ако веќе морате да објавите фотографија од вашите деца, не откривајте ги нивните имиња и родендените
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.